Македонија
24. October 2026 - 13:39

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рид и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет

На 23.10.2026 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Х.(22), Б.И.(25), А.И.(27), М.Р.(33), М.М.(31) и А.Ј.(24), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што употребиле и стаклен предмет и А.Ј. се здобил со повреди, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштува МВР.