-->
-->
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-->
На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола.
При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата