Македонија
18. May 2025 - 16:59

Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата

Пратеникот на Алијанса на Албанците од крилото на Таравари Салим Сулејмани од Струга си поднесе оставка од пратеничкотот место, но и го напушта Таравари. Ова е прв пратеник од крилото на поранешниот министер за здравство кој отворено не се согласува со својот лидер.  Оставката на Сулејмани носи пак, плус пратеничко место за владејчката Вреди. 

Според листата на коалицијата Вреди од парламентарните избори, следен на листата е докторката Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Со ова Вреди наместо досегашните 9 пратеника,м ќе брои 10 пратеници во новото парламентарно мнозинство по заминувањето на Таравари. Алијанса пак, засега е на 4 нардони избраника.
Во објавата за својата оставка, Сулејмани вели декља Алијанса на Албанците и тој влегле во коалицијата Вреди поради промени и да ја врати правдата кај Албанците, како антипод на како што пишува, труката структура на ДУИ,

„За жал, она што го видовме во последно време е целосно отстапување на Алијансата за Албанците од овој политички дух, и отворено заминување од целите за кои се приклучивме во коалицијата. Пристапот кон ДУИ во пресрет на локалните избори донесе сериозно отстапување од принципите на кои бевме посветени. Оваа политичка соработка е кршење на нашите ветувања и застапеноста која албанските граѓани ја заслужуваат. Оваа акција за мене е неприфатлива, бидејќи не можам да бидам дел од сојуз кој не формиран поради најдобри политички интереси и со луѓе споменати во меѓународната црна листа за вмешаност во корупција “, напиша Сулејмани на ФБ.

Сулјемани беше и еден од пратениците што не беа присутни на минатонеделниот состаноково Тетово каде Алијанса одлучи да замине во опозиција. Таравари тогаш тврдеше дека тој сепак е во неговото крило и била на ручек со него непосредно пред претседателството, но не дошол поради лични обврски.

Пред Сулејмани, отворено против Таравари застана и поранешниот министер од неговите редови Азир Алиу. А чекорот за оставката на министерот не ја следеше и вториот министер од Алијанса на Албанците – Арбен Фетаи. Тој засега останува во кабиентот на Мицкоски. Против Таравари се изјаснија и неколку членови од раководството на ова крило на Алијанса. 

Премиерот Мицкоски пак, денеска му испрати порака на Таравари дека набрзо и ДУИ ќе му се заблагодарат кога ќе вудат дека политичар кој менува страни поради подобра понуда или пак, уцена. Му порача на Таравари дека и покрај тоа што ќе бара да се врати во Владата нема да има место за него.

Многумина ми велеа откачи го брзо Таравари, тој сака да седи на две столици, да остане во владата, а истовремено ДУИ да му поддржи 5 градоначалници, преку некандидирање на свои и така да го засили во базата, тоа што ДУИ го бара од него е да објави дека на листата на советници ќе оди сам, за да можело ДУИ да брои советници во однос на ВЛЕН. Замислете каква стратегија? Како бројот на советници да треба да ме убеди мене дека треба да ги земам ДУИ во владата а не принципи, програма, и заеднички цели!? … Владата продолжува уште појака и уште пообединета во оваа следна фаза на наше организирање и оваа битка против политичарите кои користат интриги, уцени, корупција, и од кои на граѓаните им е преку глава, ќе продолжи, затоа што ова не е етничка или верска битка. Не е ниту идеолошка. Туку ова е една битка на едно базично ниво, на бандити од едната страна и Македонија и сите нејзини чесни граѓани, македонците албанци турци роми срби бошњаци и останати на другата страна.

Од Вреди пак, велат дека јасно е дека структурата на Таравари се распаѓа.

„Обидите на ДУИ, преку Таравари, да предизвикаат земјотрес во нашата коалиција, завршија како политички бумеранг. Не само што не нè поколебаа, туку не’ направија уште посилни. Вреди е новото лице на политиката. Ние не се плашиме од старите шеми, напротив – токму Вреди е земјотресот што ќе го сруши трулиот систем на ДУИ“, велат од Вреди.

Според најавите, во наредните денови се очекуваат нови политички потези и кадровски решенија. И Меџити и Касами тврдеа дека засега албанскиот партнер во Влада ги задржува сите позиции. И од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека новиот министер за здравство ќе биде од редовите на Вреди. 
ДУИ пак, се уште обвинува дека владата било моетничка и дека Вреди не ги заштитувала Албанците.

„Упатуваме итен повик до моноетничката влада веднаш да го прекине овој опасен тренд и да ги врати механизмите на еднаквост и правда во државните институции. Што се однесува до т.н. остатоци од ВЛЕН во Владата, јасно е дека никој не ги прашува, ниту пак им бара мислење за каква било институционална одлука. Тие немаат ниту влијание, ниту авторитет. Единственото што го прават е со срамна тишина и покорност да ја легитимираат оваа дискриминаторска влада.“, реагираат интегративците.

Вчера и нивниот лидер Ахмети го обвини премиерот Мицкоски дека ја дестабилизирал државата со антиалбански политики. Тој, пак, денеска Ахмети по лпокалните избори го испрати во политичка пензија.