Приведени возачи во Гостивар, Штип и Ресен, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволеното
На 18.08.2025 во 23:20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода С.С.(58) од Гостивар. Претходно, тој управувајќи патничко возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Ќ.С.(61) од Гостивар. При преземање мерки во врска незгодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
На 19.08.2025 во 00:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Д.(39) од Штип. При сообраќајна контрола, полициски службеници запреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,55 % промили алкохол во организмот.
На 18.08.2025 во 18:15 часот на улица „Корчуланска“ во Ресен, при контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирал дека С.М.(24) од Ресен управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 102 киометри на час на место каде брзината е ограничена 40 километри на час.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување на моторно возило“.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство
-
Приведен 39 годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога, оружје и рачна бомба | ФОТО
-
Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен
-
Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-
Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-
Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-
Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-
Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО