Македонија
18. May 2021 - 12:26
Продолжува рушењето на дивоградбите во Охрид
Уривањето на дивоградбите долж Охридското Езеро продолжува. Сите плажи на кои им се истечени договорите за концесии ќе бидат рушени, дециден е охридскиот градоначалник Георгиески. Тој тврди дека нема селективност во акцијата која треба да заврши до средината на јуни во која се вклучува и Македонија пат.
Швајцарската амбасадорка ги повика надлежните да ги спроведат препораките на Унеско за охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја.
Охрид по Велигденските и Првомајските празници ги продолжи активностите за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро, овој пат на тапет се најде потегот кај Лагадин.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
