Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во своето сведочење опиша како се одвивала комуникацијата меѓу вработените, кој бил одговорен за распоредот на луѓето, како и какви насоки давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и предавања за законските обврски на обезбедувачите.
Претходно сведочеше инспектор на ДЗС од поддрачно одделение во Виница, кој кажа дека по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување утврдила сериозни пропусти – недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант, и заклучена помошна врата.
Инспекторот сведочеше дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување, а за надзор во друга општина е потребен писмен налог од раководството.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
-

Неутрална Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
-

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
