Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година

Кон средината на следната година се очекува во Скопје да почне имплементацијата на проектот BRT (bus rapid transit). Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека проектот ќе се имплеменира, но со одредени исправки во проектот бидејќи недостига трасата од поврзување со Драчево и Радишани.
-Веќе вчера имав состанок со претставници од ЕБОР и ќе треба да се потпишат договорите помеѓу Градот Скопје, Министерството за транспорт и Министерството за финансии и да влеземе во фаза на реализација. Тоа нема да биде постапка од денес за утре, но дефакто ќе влеземе во реализација. Сметам дека некаде во втората половина од следната година би биле подготвени да влеземе со изведба на проектот. Првата фаза е 44 милиони евра и 22 милиони евра се за втората фаза. Првата фаза предвидува обезбедување на трасата, стојалиштата, но и 35 автобуси така што се надевам дека до средина на следната година ќе почнеме со импелментација. Има сериозни подготовки што треба да следат. Треба мостото „Обединети нации“ да се заштити во целиот процес којшто не е предвиден во овој дел од финансирањето од ЕБОр така што имаме доста работа но почнавме да се екипираме и верувам дека во од ќе ги решаваме сите предизвици кои ќе произлезат, рече Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Проектот го промовираше администрацијата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, со официјално соопштение на ЕБОР во април 2021 година.
За новогодишното украсување на Скопје, градоначалникот соопшти дека се предвидени 70 милиони евра кои утре треба да бидат изгласани со ребалансот на Буџетот од страна на Советот на град Скопје. На новогодишната ноќ, граѓаните ќе ги забавуваат македонски музички ѕвезди. Ѓорѓиевски рече дека и тој со семејството годинава Новата Година ќе ја дочека на плоштадот во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
-

Двајца браќа пензионери измамени од тетовец за 15.000 евра
-

Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам - Вучиќ за посетата на делегација на ЕП
