Македонија
17. November 2026 - 13:45

Татко ја нападнал својата 20-годишна ќерка

На 16.11.2026 во 21:25 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.А.(51) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава од неговата 20-годишна ќерка дека во семејниот дом, по кратка расправија, физички ја нападнал и ѝ упатил закани.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.