Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
Воздухот, водата, почвата се сериозно загрозени а со тоа и условите за живот во државата оценува академската фела. Исселувањето не ни се случува само од егзистенцијални причини туку и поради потрага по поквалитетен живот. Ова е глобален проблем но Македонија е сериозно засегната оценува професор Ило Трајковски од институтот за социологија, установа која годинава одбележува половина век постоење.
На меѓународната конференција една од клучните теми за кои разговараше стручната фела е како да се редефинираат стандардите за тоа што е нормално и што смее а што не да биде прифатено како нормално. Таков е примерот со аерозагадувањето особено во главниот град за што проф. Трајковски вели не смееме да го прифатиме како нормална појава.
Само со јасно дефинирани и стручни ставови за сите прашања кои го засегаат општеството може да се издејствуваат промени смета фелата.
Инстутот за Социологија по повод јубилејот собра повеќе од 30 учесници, професори од земјава и странство кои разговараа за сите нови појави кои предизвикуваат промени во општественото живеење. Институтот е во рамки на филозофскиот факултет кој годинава одбележува 105 години од основањето.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар