Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила 300 евра поткуп од студент за да му овозможи положување на испит.
Според информациите, на 22.06.2026 година студентот К.Б. (26) од Турција, кој има привремен престој во Штип, пријавил дека професорката Т.А. (39) од Штип побарала пари за да му овозможи да го положи испитот што дополнително требало да го полага.
По пријавата, во координација со Основното јавно обвинителство Штип, биле преземени мерки и на студентот му биле дадени крим-технички обработени три банкноти од по 100 евра.
На 29.06.2026 година во Штип, при примопредавањето на парите, полициски службеници ја лишиле од слобода професорката веднаш по приемот на 300 евра.
Парите се одземени, а осомничената е задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава за „примање поткуп“.
Ново на Сител
-

Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Андоновски: Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
-

Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти
-

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
-

Пасоши првпат во летниот период се издаваат без застој, термин за се добива за ден-два, а документи за најмногу до седум
-

Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
