Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони.
Првите казни за странски државјани кои направиле прекршок на македонските патишта, а притоа биле уловени од камерите на Сејф сити, предизвикаа километарски колони и долги чекања на Граничниот премин Табановце.
Од вчера, на овој премин, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и потоа треба да си ја платат казната.
Екипата на Сител денот го помина на Табановце, за да видиме како функционира новиот систем.
Забележавме долги колони возила и револтирани граѓани. Дел oд нив во автомобилите се печеа на силното сонце, додека нивни членови на семејството чекаа ред да ги платат казните.
Сите овие луѓе позади мене се странски државјани кои чекаат ред да платат казна за прекршок што го направиле на македонските патишта од февруари до денеска.
На шалтерите атмосферата беше тензична.
Високите температури не им одеа в прилог на оние кои чекаа во автомобилите.
Денеска на Табановце дојде и првиот човек на МВР.
Според статистиката на МВР од вчера кога и во пракса започна да функционира системот за наплаќање на казни за странци кои направиле прекршок во Македонија, заклучно до денеска до 7 часот , казни платиле 500 лица.
Тошковски најави дека кога ќе се создадат предуслови, овој систем ќе биде имплементиран и на другите гранични премини.
Денеска на Табановце имаше и присуство на засилени екипи од полициски службеници, за сообраќајот да се одвива непречено.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
