Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила 300 евра поткуп од студент за да му овозможи положување на испит.
Според информациите, на 22.06.2026 година студентот К.Б. (26) од Турција, кој има привремен престој во Штип, пријавил дека професорката Т.А. (39) од Штип побарала пари за да му овозможи да го положи испитот што дополнително требало да го полага.
По пријавата, во координација со Основното јавно обвинителство Штип, биле преземени мерки и на студентот му биле дадени крим-технички обработени три банкноти од по 100 евра.
На 29.06.2026 година во Штип, при примопредавањето на парите, полициски службеници ја лишиле од слобода професорката веднаш по приемот на 300 евра.
Парите се одземени, а осомничената е задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава за „примање поткуп“.
Ново на Сител
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
