Професорка се напила и имала секс со ученик во тоалет на авион, ги фатил друг ученик и ја уценувал да имаат сек за да молчи

Млада професорка имала секс со ученик во тоалет на авион. За аферата дознал друг ученик кој се заканил дека ќе ги открие доколку професорката нема секс со него, пренесува Мирор.
Елеанор Вилсон (28), професорка по физика, се обидела да ја сокрие својата врска со ученик за време на едно училишно патување.
Меѓутоа се е откриено кога за врската дознал друг ученик, кој рекол дека ќе молчи само доколку професорката има секс со него.

Името на училиштето не е откриено, а на професорката е забрането да предава. Вилсон работела во училиште во Бристол. Од 2013. година предавала физика, а учениците биле 10 и 11 одделение.
Таа многу брзо станала блиска со еден ученик на патувањето. Двајцата почнале да флертуваат, додека се грижеле за друг ученик кој бил болен.
Двајцата се напиле па заминале заедно во тоалетот на авионот. Таму имале орален секс и секс без заштита. По патувањето редовно се гледале по часовите.

Таа се обидела да ја сокрие врската, а на ученикот му зборувала да ги избрише нивните заеднички пораки, пренесува Мирор.
Во март 2016. година почнала да добива пораки од друг ученик кој тврдел дека знаел за сексот со ученикот.
И се заканил дека ќе ги открие, доколку нема секс со него. Пораките потоа се пратени на училиштето и во полицијата а Вилсон е обвинета во мај 2016. година.
Таа негирала дека имала секс со ученикот и се гледала со него.
Ново на Сител
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
-

Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години
-

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
