-->
-->
Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-->

Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец - над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер - над 60 километри на час и услови за појава на град.
Во понеделник се очекуваат изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
