Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица

До средината на следната седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време потоа дневната температура ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 km/h. Во петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Времето во Скопје променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
