Македонија
18. January 2026 - 9:06

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре и задутре преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)..

 

МИА