Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во вторник и во среда ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд. Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
