Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со услови за појава на слаба магла во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 15 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а до крајот на периодот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
