-->
-->
Променливо облачно време, наместа со локален дожд
-->

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд.
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
MИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
