Македонија
28. April 2026 - 12:30

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст

Стабилноста на денарот се должи на конзервативната стабилна политика во изминатите децении. Довербата кај граѓаните и фирмите во националната валута и понатаму расте за што говорат и последните податоци од март годинава.

- Годишниот раст, е забележан годишен раст од 16.3% кај депозитите во денари од страна на граѓаните и од 13, 3 % зголемување на депозитите во денари од страјна на корпоративниот сектор, изјави Николче Јанкуловски, заменик министер за економија.

Според Јанкуловски, клучот на успехот е во ефикасното работење со јавните финансии и борбата со сивата економија.

- До доста успешна фаза сме со тест имплементацијата на електронската фактура која во голем дел ќе ја намали сивата економија, понатаму, голем дел од процесите во Царинската управа се дигитализираат и со поддршка на Владата и со поддршка на странски донатори, додаде Јанкуловски.

Првиот гувернер на Народната банка по осамостојувањето на Македонија, Љубе Трпески, потсети на времето кога во 1992 година беше воведена новата македонска валута. 

- Имавме храброст, имавме знаење да направиме проект кој што е успешен и да имаме денес стабилна валута и да имаме пари кои од нумизматичари се сметаат како едни од најубавите пари во светот по дизајнот и по ликот, изјави Љубе Трпески, економист, прв гувернер на Народна Банка по осомостојувањето на Македонија.

Денот на македонскиот денар беше одбележан на економскиот факултет при УГД, во писуство на професори, студенти и експерти од економската сфера.