Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи

Министерството за дигитална трансформација денеска ќе ја промовира мобилната апликација „м.Услуги“, наменета за поедноставен пристап на граѓаните до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон.
На промоцијата, што ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, ќе бидат претставени функционалностите на апликацијата и можностите што таа ги нуди за полесно користење на дигиталните услуги.
Свои обраќања на настанот предвидено е да имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.
Според најавите, апликацијата треба да овозможи побрз и поедноставен пристап до јавните услуги и документи во рамки на процесот на дигитализација на администрацијата и унапредување на електронските услуги за граѓаните.
-Ова ќе биде наш прв чекор кон дигиталниот паричник. Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилен телефон, односно на дланка - изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во пресрет на промоцијата на апликацијата.
Тој посочи дека „м.Услуги“ ќе овозможи пристап до електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, како и до првите три дигитални услуги за граѓаните. Според Андоновски, апликацијата ќе може бесплатно да се преземе преку платформите Google Play и App Store, а корисниците преку внесување на личните податоци и бројот на личната карта ќе можат да ги повлечат своите дигитални документи.
Министерот најави и натамошно проширување на функционалностите преку интегрирање на податоци од системот „М.здравје“ и европската младинска картичка, со цел „м.Услуги“ постепено да прерасне во сеопфатен дигитален паричник со повеќе документи и јавни услуги достапни на едно место. Тој додаде дека прифаќањето на електронските документи од институциите ќе се одвива етапно, преку усогласување на подзаконските акти и јакнење на институционалните капацитети.
МИА
Ново на Сител
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
