-->
-->
Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица
-->

Ноќеска (19.03.2026) во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.Е.(40), Б.С.(48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р.(70) од с.Врањовци, гостиварско.
При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени.
Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
