Пронајдена дрога во кичевско, уапсени две лица

На 11.08.2026 во 21:30 часот во с.Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево. Претходно, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., а сопатник бил А.Л., при што тие од прозорец на возилото фрлиле пакување со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена.
При преземање мерки, исто така, било утврдено дека И.Б. го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Известен бил јавен обвинител, по чија наредба возилото било одземено.
ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево определена им е мерка притвор од 30 дена и спроведени се во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.
Ново на Сител
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
