Македонија
5. February 2026 - 16:37

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек

Голема количина на марихуана е пронајдена во претресите во Скопје и Струмица велат извори од МВР. Акцијата е се уште во тек, се работи за обемна истрага која опфаќа повеќе објекти, фирми на легални производители на канабис и лица. Истражните органи бараат како рекордна пратка од 5 тони марихуана била пренесена во Србија со камион со македонски регистарски таблички. Претреси се правеле и во кругот на поранешната фабрика Охис.

Интерна истрага води и македонската царина, проверува документација од последниот период со цел да се откријат евентуални пропусти или вмешаност на лица од управата. ОЈО ГОКК го води случајот и како што претходно известија се во интезивна комуникација и со српските истражни органи.

Шлеперот кој беше откриен во Коњух Крагујевац бил преполн со пакети марихуана но и оружје. Приведени се 4лица  а по едно се трага со меѓународна потерница.  Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека дрогата можно е да потекнува и од Албанија.

Српското обвинителство повикувајќи се на првичните сознанија добиени од пресретнатата комуникација, објави дека најверојатно дрогата била набавена во Македонија а потоа префрлена во Србија, но детали нема бидејќи во текот на истрагата, осомничените се бранеле со молчење.

Според информациите, кај провосомничниот пронајдени се две whatsapp групи една насловена како „совет на безбедност“ каде наводно осомничениот се договарал со транспортот и во другата група насловена како „производство росоман“ во која наводно биле членови и тие кои помагале во шверцот.

Во оваа група се споменувуаат лица сопственици на фирма од Росоман, информации кои го поврзуваат целиот случај со Македонија.