Македонија
13. August 2026 - 14:07

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид

Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која било пријавено исчезнување.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека малолетничката била пронајдена денеска, 13 август, во 12:20 часот, на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници ја пронајдоа малолетничката, а во содејство со Центарот за социјални работи таа е предадена на нејзините родители“, информираат од МВР.

Ново на Сител