Македонија
30. December 2025 - 12:24

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци

 При претрес во неготинското село Војшанци, пронајдени биле пиротехнички средства, тутун и цигари без документација, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Од слобода било лишено едно лице.

- Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода М.В., на возраст од 50 години од неготинското село Војшанци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од МВР. 

 

МИА