Македонија
11. January 2026 - 13:21

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари

На 10.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош е пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари имало починато бебе.

Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител починатото бебе е дадено за обдукција.