Пронајдено тело на шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница во Подгорица

Телото на шестгодишното дете, кое во петокот, на 20 ноември, падна во реката Рибница во Подгорица, е пронајдено, потврди за Радио-телевизија Црна Гора командирот на градската Служба за заштита и спасување, Марко Радуловиќ.
Во потрагата, спасувачките екипи претходно пребаруваа повеќе делови од коритото на реката, од населбата Коник до Скалине. Акцијата се одвиваше на потегот од местото каде што последен пат било забележано детето, па сè до вливот на Рибница во реката Морача.
Пријавата за исчезнувањето била примена во петокот во 14:08 часот, по што спасувачките служби веднаш започнале со пребарување на теренот.
Откако првичните напори не вродиле со резултат, во акцијата биле вклучени дополнителни екипи и ресурси. Освен спасувачите, во потрагата учествувале и припадници на Министерството за внатрешни работи, доброволци и нуркачи од Регионалниот центар Бијела.
Ново на Сител
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
-

Сиљановска-Давкова за Денот на албанската азбука: Единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите
-

МПЦ-ОА на средба со еден од најгласните поддржувачи на Путин и војната во Украина
-

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
-

Руските загуби во Украина се неодржливи, се приближуваат до размери од Втората светска војна
-

Неуспешен обид за средба Трамп – Ким: Северна Кореја поставила неприфатливи услови
-

Пронајдено тело на шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница во Подгорица
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување
