Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово

Косовските пратеници и денеска не успеаја да изберат претседател на Парламентот од тројцата предложени кандидати од Движењето Самоопределување. Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом.
И на денешната седница за претседател на Парламентот повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати гласаа 55, „против“ – 46, а пет беа „воздржани“.
Потоа за претседател на Парламентот беше предложена, предложена пратеничката и актуелна в.д. министерка за образование, Арбери Нагавци, кој исто така не го доби потребниот број гласови, бидејќи 55 пратеници гласаа „за“, 47 беа „против“, а четворица беа „воздржани“.
Во третиот обид, за претседател беше номиниран пратеникот Димал Баша, кој исто така не го доби потребниот број гласови. „За“ него гласаа 57 пратеници, 25 беа „против“, додека 24 беа „воздржани“.
По три неуспешни гласања седницата е прекината и ќе продолжи на 26 август.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
