Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
За 2,5 евра се зголемила просечната плата во септември во однос на претходниот месец. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат по 45.466 денари.
Во споредба со истиот месец лани, просекот скокнал за скоро 9,5 осто, но реално, ако се одземе инфлацијата платите се зголемиле за 5,7 %. Најплатени и натаму се програмерите, со плати од 1700 евра, по што следат вработените во фармацијата, воздухолпловството, финансиите и телекомуникациите. Најниски плати пак, се исплаќаат во прoизводството на облека и кожа, по 500 евра. Токму толкава минимална плата бараа од Синдикатот. Но, со порастот на трошоците за живот, барањата сега се повисоки. За десетина дена на Eкономско социјалниот совет ќе ги вкрстат аргументите со работодавачите.
- Итно и неодложно е платите да растат, а првенствено да се напрват законски измени во минималната плата. Да немаме плата од 400 евра, туку да биде најмалку 600 евра, изјави Иван Пешевски, потпрестедател на ССМ
Од бизнисот со став - македоснкиот работник е најмалку продуктивен. Ако се зголеми продуктивноста, ќе порастат и платите.
- Мора да се постигне баланс, не може само да се збори платата, платата, без да се подигне продуктивноста не може компаниите да си го загрозат нивното опстојување, вели Горан Георѓиевски, претседател на Сојуз на Стопански Комори.
Од владата порачаа – што и да се договорат работодавачите и синдикатот – тие ќе прифатат. Но ако на 500 евра скокне минималецот – ќе мора да се зголемат сите останати плати, што ќе резултира со огромен скок на инфлацијата, која почнува постепено да се стабилизира. Ако нема а договор – законски, зголемувањето во март на минималецот ќе биде околу 1,600 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
