Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
По повод празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските и македонски просветители во Прилеп по втор патѕ се одржа настанот „Денови на Свети Кирил и Методиј“. Претходно во цркавата која го носи името на овие сесловенски просветители се одржа Литургија со која чиночалствуваше Митрополитот Петар во сослужување со Епископот Никола, а во Прилеп денеска беше и Митрополитот Силуан на Австралиската Епархија на СПЦ. Ова е прв српски владика кој служел во оваа црква после Втората светска војна.
„Tокму светите браќа Кирил и Методиј се оние најзаслужните, не само за православието на словенските народи туку исто така што нивното дело не било завршено со протерувањето на нивните свети ученици, светите Климент, Наум, Сава, Горазд, Ангелариј, туку напротив тука е продолжено и оттука се развило и повторно се возвраќа на сите словенски земји“, изјави Владика Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.
„На сите нас Словените бидејќи овие просветители на наш сопствен јазик ни ја приближиле Христовата Вистина. Благодарение на нивниот труд и дело, рамноапостолско дело, како се зборува во тропарот и нивното житие, сме го добиле сите тие вистини и културата која нас ни е најблиска“, истакна Владика Силуан, Митрополит Австралиско Новозеландски на СПЦ.
Настанот е организиран од Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп. Проектот вклучуваше работилници со ученици од 7 и 8 одделение по македонски јазик и ликовна уметност и завршен настан.
„Овој проект има за цел се повеќе младите да се запознат со ликот и делото на светите браќа и да го афирмираат. Посебно апел до младата популација, до учениците, да бидат новите наследници, новите апостоли, или како рамноапостолите браќа Кирил и Методиј. Главната цел се тие, повеќе да научат, бидејќи тие се иднината на нашето општество и во нив треба да ја гледаме просветителската дејност“, изјави Андреј Иваноски, организатор на настанот.
„Нашите просветители кои едноставно ни го дадоа и ни го преведоа светото писмо, му дадоа писменост на нашиот православен народ со кој навистина се гордееме, како на Балканот, така и во целиот свет“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Организаторите на настанот се надеваат дека оваа манифестација единствена од ваков тип во Македонија ќе стане традиционална.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар