Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции

Земјоделски субвенции добија луѓе што немаат никаква врска со производство, а ние уште ја чекаме помошта, велат за МИА дел од земјоделците кои од цела Грција денеска се во Атина на протест и пред Министерството за земјоделство и пред Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ).
Протестот е организиран од Националниот сојуз на земјоделски задруги, со барање итно да се исплатат обесштетувањата од ОПЕКЕПЕ, како и да се поддржат сточарите, кои се соочуваат со проблеми поради чумата кај кози и овци, а во фокусот е скандалот со европските земјоделски субвенции.
-Наместо да даде лекови и вакцини за сточарите, Владата денеска што ни испрати? Ни испрати полиција, велат земјоделците и изразуваат разочараност што европските субвенции наменети за нив биле поделени на луѓе што немаат никаква врска со секторот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на протестот беа и пратеници од опозициската ПАСОК предводени од лидерот на партијата Никос Андрулакис кој поразговара со земјоделците и нагласи дека „Владата наместо да ги поддржи земјоделците и сточарите, ги доведе на работ на преживување“.
-Затоа сме денеска тука, за да ги поддржиме земјоделците и сточарите против корупцијата и неспособноста на Нова Демократија. Затоа на земјата ѝ е потребна политичка промена и сеопфатен план, бидејќи примарниот сектор е приоритет за ПАСОК, порача Андрулакис.
Од Министерството за земјоделство, протестот продолжи до канцелариите на Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, по што претставници на земјоделците ги доставија нивните барања до министерот за земјоделство Костас Циарас, а подоцна планирано е да се сретнат и со вицепремиерот Костис Хаѕидакис.
Протест се одржа и во Солун како и во други грчки градови, а за 23 ноември закажаа нов состанок кога ќе донесат одлука дали ќе продолжат со протестите.
Поради скандалот со европските земјоделски субвенции на крајот на јуни еден министер, тројца заменици-министри и еден генерален секретар во грчката Влада си поднесоа оставки, додека пак истрагата ја води европското обвинителство.
Европската обвинителка Лаура Ковеши на прес-конференцијата во Атина минатиот месец истакна дека „со години, криминалците, со помош на државни службеници и високи функционери, крадеа европски пари што беа наменети за помош на вредните и чесни земјоделци за да ја обработуваат оваа прекрасна земја, а не за некои луѓе да стекнат со вили и луксузни автомобили“, но и дека „ОПЕКЕПЕ стана акроним за корупција и непотизам“.
МИА
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
