Македонија
8. August 2026 - 16:39

Протест на земјоделците во Струмица

Со трактори и земјоделска механизација, земјоделците денеска повторно го блокираа центарот на Струмица. Бараат повисока цена за ајварката која се откупува за потребите на конзервно-преработувачката индустрија. Велат дека со актуелната откупна цена не можат да ги покријат трошоците за производство. Доколку до понеделник не дојде до зголемување на цената, најавуваат продолжување на протестите и блокади и на други локации во Југоисточниот регион