Македонија
30. January 2024 - 16:37

Протести, анкетна комисија, сведоштва - Што претходеше на денешните приведувања на Онкологија

Петмесечната предистражна постапка за скандалот на Онкологија кулминираше денеска со лисици на раце на сегашни и поранешни функционери и вработени од клиниката. Истрагата ќе покаже кој се богател на грбот на најтешко болните и дали нечие незаконско работење е причина за стресовите, исчекувањата и гневот кој се создаде кај пациентите. Но што и претходеше на денешната акција на обвинителството.

Избивањето на најголемиот скандал во здравството не само што ја потресе целата јавност, туку беше повод за протести пред Влада каде се бараше вистината и правда за сите.

После протестите се формираше и Анкетната Комисија воСобранието која требаше да утврди евентуална политичка одговорност за скандалот.

Зошто ревизијата утврдила толку големи пропусти во работењето на клиниката, како влегувала терапијата, во колкави количини, кој добивал а кој не беа дел од бројните прашања на пратениците до над 50 сведоци кои поминаа нис собраниските сали.

Беким Сали како поранешен министер воопшто не знаел за КАТО системот кој со години фаќал прашина на клиника, а неговиот претходник Венко Филипче освен што ја пофали професионалноста на екс директорот Васев, не знаел како работи клиникаата, не слушнал за никакви злоупотреби а незаконското земање на лекови на реверс било за болните да имаат терапија.

Ако Нино Васев денеска со лисици на раце беше изнесен од Клиниката, пред три месеци пред Анкетната сведочеше дека работел во интерес на сите и не чувствува никаква одговорност.

-Дали чуствувате одговорност за тоа што сега се случува на онкологија, или, поконкретно, дали мирно спиете..не чуствувам одговорност, кажав

Зошто немало стручен колегиум туку едно лице одлучувало за терапијата, како е правен пописот...за тоа никој не чуствува вина па така се произнесе на Анкетната и поранешниот економски директор ЁНехат Нухи.

-немало малверзации, апсолутно тврдат, со голема одговорност дека не сум злоупотребил ништо, вели Нехат Нухи, поранешен економски директор.

По двомесечно слушање на искази на експерти, сведоци, функционери..Анкетната завриши без официјални заклучоци. Пратениците од власта не се согласија со предлогот да се бара политичка одговорност од 6 лица меѓу кои има и од денеска приведените.