Протести во Чешка во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис

Илјадници граѓани на Чешката Република синоќа излегоа на масовни протести во повеќе градови, во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис.
Демонстрантите протестираа против плановите на владината коалиција, предводена од премиерот Андреј Бабиш, која има намера да ги укине таксите за радио и телевизиски лиценци и воведување модел на државно финансирање на Чешката телевизија и Чешкото радио.
Критичарите предупредуваат дека таквиот модел би можел да ја загрози уредувачката независност и да отвори простор за политичко влијание врз јавните медиуми.
Протестите во поголемите градови беа организирани од граѓанското движење „Милион моменти за демократија“, што претходно организираше слични собири во главниот град Прага.
Во градот Брно, демонстрантите носеа транспаренти со пораки „Слобода за медиумите!“ и изразуваа поддршка за новинарите од јавниот сервис.
Од декември, во Чешката Република владее коалиција составена од десничарското „Движење на незадоволните граѓани“ на Андреј Бабиш, крајнодесничарската партија „Слобода и директна демократија“ и партијата „Автомобилисти за себе“.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието - пратеници реагираат дека министрите не присуствуваат
-

СДСМ поднесува кривични пријави за Алта Банка
-

ДУИ најавува тужби ако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во рок од 24 часа не се извинат
-

ВРЕДИ: Функционери на ДУИ директно соработувале со српските центри за моќ
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева даде свечена заклетва
-

Нов тренинг центар за безбедна храна во светиниколско Амзабегово
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура
