Македонија
20. February 2021 - 17:03

Протести во Лескоец со барање за подобра инфраструктура и редовно водоснабдување

Жителите на охридското село Лескоец на протест бараат патна инфраструктура и редовно водоснабдување .Околу 300 мештани три децении како што велат секој ден се  движат по раскопани и непроодни улици кои при секој дожд и снег се полни со кал и јами . Тие денеска го изразија својот револт бидејќи надлежните како што велат воопшто немаат слух и најавија дека не застануваат тука,доколку не им се решат проблемите ќе протестираат и пред општина Охрид.

Жителите од Лескоец се жалат дека вода за пиење во лето воопшто немаат а во зима е слаб притисокот па сами се снаоѓаат полнејќи шишиња за да имаат во текот на денот.

Од општина Охрид пак на став дека со почетокот на градежната сезона и подобрување на временските услови ,улицата на која претходно била поставена атмосферска канализација ќе биде асфалтирана.