Македонија
3. September 2025 - 21:18

Протести за загадувањето од Вардариште

Жителите на Аеродром и Ново Лисиче и денеска револтирани на протест побараа итно решение за депонијата Вардариште. Со транспаренти „имаме право на чист воздух“ ги повикаа ндлежните да реагираат.

Смрдеа низ населбата се ширеше и ноќеска, а граѓаните депонијата ја нарекоа канцерот за скопјани.

Алармот беше вклучен откако пред неколку дена депонијата ја зафати голем пожар а јакиот мирис непрекинато се шири и денеска. Протестите ќе продолжат секој ден  од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.