Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица

Полицијата употреби солзавец и палки за да ги растера демонстрантите во француските градови Париз, Лион и Стразбур кои протестираат поради високите трошоци за живот, соопшти денеска француското Министерство за внатрешни работи, пренесе ДПА.
Првите судири се регистрирани кратко откако демонстрантите излегоа на улиците низ Франција. Во Марсеј, демонстрантите се обидоа да упаднат во полициска станица и да ограбат продавници, соопшти Министерството.
Околу 100 лица се уапсени за носење оружје и други забранети предмети, соопшти париската полиција.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика луѓето мирно да простестираат.
Министерството за внатрешни работи регистрираше 140 демонстрации со 32.800 учесници во земјата до пладне, а низ целата земја се уапсени 166 лица.
Се очекува околу 170.000 луѓе да излезат на улиците на Франција денеска, од кои меѓу 30.000 и 60.000 само во Париз. Планирани се маршеви за француската престолнина и други градови попладнево.
Според француското Министерство за внатрешни работи, постои многу силна мобилизација на крајната левица, за која властите велат дека ќе се обиде да предизвика немири.
Насилни напади од страна на маскирани демонстранти се извршени во Париз, Марсеј, Рен, Тулуз и Анже. Министерството пријави обиди за грабежи, напади врз полицајци, палење на јавни места и целни напади врз властите и медиумите. Околу стотина маскирани демонстранти го блокираа пристапот до десничарскиот телевизиски канал CNews во Париз, објавија локалните медиуми. Во зградата е сместена и радио станицата Europe 1. Се очекува ученици и студенти да се приклучат на протестите. Со недели тие организираат демонстрации за подобри услови во училиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
