Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени дека во периодот од април до септември извршиле серија тешки кражби во повеќе села на подрачјето на Општина Боговиње.
Според Обвинителството, осомничените провалиле во над 10 куќи, од каде одземале пари, златен накит и различни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола.
При една од кражбите во селото Палчиште, од куќа успеале да изнесат и сеф тежок околу 400 килограми.
Вкупната вредност на украдените предмети досега се проценува на околу 15 милиони денари.
На двајца од осомничените, по предлог на обвинителството, им е определен краткотраен притвор од 48 часа, додека по другите двајца се трага. За нив притворот ќе започне да се смета од моментот на нивното пронаоѓање и лишување од слобода.
Од Обвинителството информираат дека интензивно се прибираат докази за сите случаи.
Ново на Сител
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
