Македонија
31. August 2020 - 20:01

Прв работен ден на новата Влада - примопредавања и ветувања за реформи

Мала ефикасна влада која веднаш ќе се зафати со справувањео со економските и здравствените последици од КОВИД пандемијата, но и која ќе биде посветена на борба против корупцијата во редовите на функцинерите, како и стратешките цели на државата – активно членство во НАТО и завршени преговори со ЕУ. Вака премиерот Зоран Заев му го претстави владиниот кабиент на првата заедничка средба со претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно откако синоќа парламентот ја избра Владата.

Заев на премиерското столче седнува по втор пат, откако на 3 јануари го отстапи ова место на техничкиот премиер Оливер Спасовски. Утринава тој повторно му го врати премиерскиот кабиент, а Заев му се забалгодари што успешно ја водел владата за време на корона вирусот и што организирал фер и демократски избори.

Спасовски пак, од Илинденска бр 2 веднаш замина во министерството за внатрешни работи каде што си ја враќа функцијата – министер.

Во владината зграда се смести и Артан Груби од ДУИ кој од денеска е прв вицепремиер и министер за политички систем. Првата активност на Груби беше координативен состанок со министрите од ДУИ, но вели дека тоа не значи дуализам во водењето на владата меѓу ДУИ и СДСМ. Најавува промени во длеовникот за работа на Владата и законот за влада токму за неговата нова функција, а прв приоретет ќе му биде и решавањето на проблемот со рамковно вработените.

Бојан Марчиќ пак, ја презеде функцијата од досегашната министерка за правда Рената Дескоска. При примопредавачето Маричиќ најави дека во првите 100 дена подготвува реформи заедно со ЕУ партнерите за прочистување и деполитизација на судството и обвинителството.

Мила Царовска пак, отиде во нов ресор – образование, каде ја презеде функцијата од Арбр Адеми. Први приоритет ќе и биде започнување на учебната година во услови на пандемија .

Пораки дека ќе работата повеќе и подобро испратија и министрите кои ги задржаа своите функции како министри – Филипче во ресорот здравство, Шеќеринска во одбрана, Нуредини во животна средина.