Фудбал
12. November 2022 - 19:53

Прва МФЛ: Четири победи на домашните екипи

Фудбалерите на Струга го прекинаа постот од пет средби без победа токму против Шкендија совладувајќи ја минимално со 1-0 со голот на Малески во 40-тата минута. 
Во вториот дел Шкендија се обиде да го избегне поразот но притисокот остана без епилог па Струга освои три значајни бода за лидерската позиција на табелата. 
Во Кавадарци доминација и убедлива победа на Тиквеш од 3-0 против Работнички . Стрелци на головите за домашниот тим беа Ивановски во 37-та, Миловановиќ во 57-та и Христов во 62. Минута. 
Се одиграа и две средби од 12. Рунда во Втората МФЛ. Во Охрид победа на Гостивар со 2-1 додека Воска Спорт  исто така со 2-1 го совлада домашниот Арсими во Чегране. 
Останатите средби од ова коло се играат утре во 13ч.