Фудбал
22. August 2020 - 19:50

Прва МФЛ: Победи на Ренова и Шкендија

Фудбалерите на Ренова славеа со 2-0 во рамките на 3-тото прволигашко коло против Академија Пандев со што се пробија во горниот дел од табелата. 

Гипсарите во првиот дел го отворија резултатот преку Селмани а победата ја потврди Јашаровски со гол во вториот дел. 
Во Ѓорче Петров минимална победа на Шкендија против домашната Македонија. Стрелец Бесарт Ибраими од пенал. 
ФУДБАЛ ВТОРА ЛИГА 3.коло
Беласица – Шкупи 0-2
Македонија ЃП-Шкендија  0-1  (Ибраими )
Ренова – А.Пандев  2-0   (Селмани , Јашаровски)
Вардар – Силекс недела
Пелистер – Работнички  недела
Струга ТЛ-Борец  недела