Loading Video...
Фудбал
15. October 2022 - 19:52

Прва МФЛ: Победи на Силекс, Македонија ЃП и Шкендија

Фудбалерите на Силекс по киксот против Победа се вратија на победите во прволигашката конкуренција и славеа со 3-2 на незгодното гостување во Штип против домашната Брегалница. 

Гостите од Кратово први го отворија резултатот со погодокот Масевски уште во 5. Минута. Сепак до крајот на првиот дел домашните ги средија своите редови  и со головите на Ѓорѓиев и Ристевски  направија пресврт за водство од 2-1. 

Пресврт и во вториот дел  но во корист на Силекс кој со евроголот на Манасиевски во 64. Минута израмни на 2-2 додека победата ја обезбеди Марјан Ристовски во финишот од средбата. 

Во Прилеп  Победа и Академија Пандев одиграа 1-1 во натпревар на кој гледачите видоа 2 убави гола. 

Велиновски ги доведе гостите до водство од 1-0 но во вториот дел Рамни со прекрасен удар од далечина обезбеди израмнување  и бод за домашниот тим. 

ПРВА МФЛ  10. КОЛО

Брегалница – Силекс  2-3

Македонија ЃП-Скопје  2-0

Победа – А. Пандев  1-1

Работнички-Шкендија  2-4

Шкупи – Струга ТЛ