Loading Video...
Фудбал
19. February 2023 - 19:58

Прва МФЛ: Шкупи го доби дербито со Шкендија, бод за Струга во Кавадарци

Дербито за врвот во домашното првенство помеѓу Шкупи и Шкендија се одигра во Кичево и им припадна на актуелните шампиони кои славеа со 2-0 со головите на Алварез во 36. И Трапанковски во судиското продолжение. 
Со оваа победа екипата на Шкупи  направи голем чекор во битката за титулата одалечувајќи се од  Шкендија а во прилог и одеше и резултатот во Кавадарци каде Тиквеш одигра 1-1 со есенскиот првак Струга ТЛ. 
Домашните најавија добар старт на пролетната сезона со погодокот на Мишов во финишот од првиот дел но гостите од Струга беа упорни и Кочоски во 87-та минута обезбеди израмнување за важен бод за стружани во битката за првиот шампионски трофеј. 

ПРВА МФЛ  18.коло

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА  2-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – А. ПАНДЕВ   0-1

БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ  0-0

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-2

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1-1

СИЛЕКС СЛОБОДЕН