Loading Video...
Фудбал
22. April 2022 - 19:45

Прва МФЛ: Скопје го изненади Работнички

Фудбалерите на Скопје  забележаа уште една значајна победа на гостински терен со што се многу блиску до целта да го обезбедат директниот опстанок во лигата. Екипата од Автокоманда славеше минимално со 1-0 на Арената Тоше Проески и тоа со голот на  Филип Јаневски кој ја казни грешката на потесната одбрана на Работнички  во 69-тата минута. 
До крајот домаќинот се обиде да го избегне поразот но не ги искористи своите шанси. 
Во Струмица сигурна победа на А.Пандев и тоа со 2-1 против Брегалница со што се зацврсти на втората позиција на табелата. 
Стрелци на головите за домашниот тим беа Димоски и Шаркоски додека единствениот погодок за гостите од Штип беше дело на  Мартин Стојанов. 

ФОТО: СПОРТМЕДИА.МК