Loading Video...
Фудбал
3. April 2022 - 19:45

Прва МФЛ: Значајна победа на Шкупи по киксот на А. Пандев и Шкендија

Екипата на Шкупи забележа минимална победа од 1-0 во дуелот со солидниот Тиквеш со што направи голем чекор кон шампионската титула по киксот на А. Пандев и Шкендија. 
Единствениот погодок за Чаирчани го постигна Радески во вториот дел. 
Големо влијание врз конечниот победникот на средбата имаше спорниот момент во 9. Минута кога главниот судија Јован Качески досуди пенал за кавадарчани но по консултација со вториот помошник ја преиначи одлуката и досуди игра со рака за домашниот тим. 
Големо изненадување приреди екипата на Скопје на гостувањето во Струмица каде го совлада домашниот тим на А. Пандев со 2-1.  Фаворитот го отвори резултатот уште во 5. Минута со голот на маронг но во вториот дел на сцена стапи Игњатов и со два гола донесе пресврт и важна победа за тимот од скопска Автокоманда. 
 
Прва МФЛ  25. Коло 
Работнички – Струга ТЛ 1-3
Шкупи – Тиквеш 1-0
А. Пандев- Скопје 1-2
Шкендија – Борец 0-0
Македонија ЃП – Пелистер  2-0
Брегалница – Ренова 2-2