Прва номинација за „Оскар“ за Бијонсе
Откако лани го собори рекордот за најмногу добиени „Греми“ награди, поп-пејачката Бијонсе годинава ја освои и својата прва номинација за „Оскар“ за најдобра филмска музика.
Се работи за песната „Be Alive“, којашто е дел од филмската музика на „Краот Ричард“ – приказна за детството на тениските сестри Серена и Венус Вилијамс и нивниот инспиративен татко Ричард. Извршниот продуцент и ѕвезда на филмот, Вил Смит, кој исто така, е номиниран за најдобра главна машка улога, зборуваше за песната, инспирирана од приказната на херојот кој ги претвори своите ќерки во шампионки.
– Спојот на филмот и песната е еден вид магија што е неспоредлива во забавната индустрија. Бев пресреќен кога Бијонсе ја прифати соработката, изјави Смит.
Иако ова е нејзина прва номинација за Оскар, Бијонсе неколкупати настапуваше на „Оскарите“ со своите хитови. Таа е номинирана за најдобра оригинална песна, покрај Ван Морисон, Лин-Мануел Миранда, Дајан Ворен и Били Ајлиш и, Финис.
Годинашното 94. доделување на Оскарите ќе се емитува на „Еј-би-си“, на 27 март.
Ново на Сител
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
