Македонија
2. April 2026 - 12:43

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата

Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе го одбележат Денот на единицата.

Првата пешадиска бригада го одбележува својот ден на 2 април – датумот на нејзината трансформација и преземање на задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во Армијата.

На одбележувањето се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали од Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и команданти на потчинетите команди и единици, заедно со други гости.

 

МИА