Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в понеделник ќе го посетат Киев по повод третата годишнина од целосната руска инвазија на Украина, јави ДПА.
Во објавата на социјалната мрежа Х во која го најави патувањето, Кошта напиша дека посетата „ќе ја потврди поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател (Володимир Зеленски)“.
Со напомена дека Зеленски е избран на демократски начин, Кошта му испраќа јасна порака на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го нарече Зеленски „диктатор“ и рече дека нема демократски легитимитет, забележува ДПА.
Европската комисија претходно неделава објави дека Фон дер Лајен и европските комесари имаат намера да ја посетат Украина за годишнината, но во тоа време не беа објавени дополнителни детали.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
