Прволигашите в среда го „трчаат“ 30-тото коло
Фудбалските прволигаши викендов го одиграа 29-то коло по кое Шкендија ја прослави шампионската титула но остануваат уште неколку непознати во домашното првенство. Кои екипи ќе играат во Европа а кој ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување.
Време за одмор за прволигашите нема бидејќи веќе во среда на програмата е триесетото коло. Градското дерби на Филип Втори помеѓу Вардар и Работнички ќе ја запре агонијата на црвено-црните или пак ќе означи нова победа во серијата на романтичарите по доаѓањето на Ѓоре Јовановски.
Академија Пандев освои големи бодови на гостувањето кај Скопје со што најави дека не се откажува од 4. Позиција на табелата и европските амбиции.
Голем чекор кон Европа направи Силекс со победата против Ренова но овој успех ќе треба да се потврди во Битола каде Пелистер очајнички ќе бара бодови за опстанок по убедливиот пораз на Филип Втори од Работнички.
Ренова по поразот во Кратово падна на 6. Место но реално постојат шанси да се продолжи битката за европските позиции. За тоа е потребна победа против хитот на пролетта ФК Скопје, екипа која грчевито се бори за опстанок и е под притисок по неочекуваниот пораз од Академија Пандев.
Победа освои голема победа против Вардар и се надева на ново изненадување и спасоносни бодови против новиот ш
ампион Шкендија кој веќе може да размислува за Лигата на шампионите.
Важно коло за речиси сите прволигаши кое се игра во среда со почеток во 16 часот.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
